Откако општината ја обезбеди целокупната документација, а за која како и вчера што рекоа, со месеци чекале на релацијата Општина Битола-ресорни министерства и институции во Скопје, денеска почна реконструкцијата на мостот кај Безистенот.

Во вчерашната информација таксативно ги наредија датумите и институциите каде што праќаа барања за одобренија, согласности и датумите кога од конкретната институција ги добивале бараните документи.
И рекоа после конечното добивање на согласностите од државните институции, Општина Битола со градежни активности започнува денеска.
Согласно склучениот договор за проектирање и изведба, првата фаза проектирање е завршена во рок од 15 дена, а за втората фаза остануваат уште 20 работни дена да се завршат сите градежни активности, по што ќе следува период за постигнување на потребната цврстина на бетонот од 28 дена, пробно товарење на мостот и пуштање во употреба.

Со ваквата динамика, општината планира да ги заврши сите активности до крајот на мај, стои во информацијата од Општина Битола.
Во цел овој период, како и времето досега откако беше затворен за употреба, има пренасочување на сообраќајот и поинаков режим, што создава нервоза кај учесниците во сообраќајот, а градоначалникот Коњановски во неколку наврати ги соопшти причините за долгото чекање и побара разбирање од граѓаните.
А политичките партии со мостот се заниваат често, а се користеше најчесто за критики.













