ТЕРА

REKLAMA???

МАВРОВСКИ: ЗБОРУВАТЕ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, А ЦЕНИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИВТЕ ЗА 250%

За разлика од вас ВМРО-ДПМНЕ вработуваше низ сите културни институции во државата без никакви притисоци и без разлика на политичка припадност, доказ за тоа се тројцата директори на национални институции од културата во Битола ваши истакнати членови, вработени од “диктаторот” Груевски, вели во реакцијата актерот Васко Мавровски на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ.

„Зборувате за покачување на платата од 120% но притоа не кажувате дека последните четири години вашата грижлива влада цените ги зголеми за 250%, зборувате за колективен договор кој не го признавате и го оспорувате, а манипулациите со наводната борба за уметниците од ваша страна народот ги препозна и жестоко ги казни на локалните избори.

Се прашувам зошто во пресот не ја споменавте новата културна институција која ја создадовте во Битола благодарение на локалниот огранок на СДС и културните работници членови на истиот, станува збор за Јавната општинска установа „Културен и информативен центар“ одговорот на ова прашање веројатно се содржи во следните прашања на кои јавно ве повикувам да одговорите:

Кој и зошто спротивно од законската регулатива на буџетска установа дозволи наместо буџетска сметка да се отвори сметка во приватна банка?

Зошто и покрај ова сторено кривично дело општината на истата сметка префрлила 1.000.000 денари?

Зошто пет месеци потоа КИЦ го оставаат со блокирана сметка и без реализација на ниту еден проект?

Дали СДС на овој начин се грижи за културата во Битола или и ова беше уште еден лицемерен проект кој служеше за предизборната кампања“ рече Мавровски.