ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО УПРАВАТА И ПРАВОСУДСТВОТО

Вработени во државната упава и во правосудството денеска во 10 часот излегоа на двочасовен штрајк незадоволни затоа што власта не го прифати барањето за зголемување на платите.

Двочасовен прекин на работата од 10 до 12 часот ќе има и утре, како предупредување до Владата за можноста и од генерален штрајк.

Велат дека 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18.000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки. Од Синдикатот на УПОЗ во кој членуваат работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите вработени – односно повисоки плати за 2.806 денари.

Од УПОЗ претходно неделава истакнаа дека само вработените во управата и правосудството земаат плата под минималната, што го зголемува незадоволство.