На 06.04.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната, соопшти СВР Битола.
Притоа, санкционирани биле 30 возачи, од кои на територијата на Ресен биле изречени 10 санкции, 11 на територија на Битола, 6 на територијата на Прилеп, а 3 санкции во Македонски Брод. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.












