Матичните лекари денеска на протест на „Светскиот ден на здравјето“. Главната причина за протестот е неисполнетото барање за зголемување на капитацискиот бод од 60 денари на 90 денари за еден пациент.
Само што почна говорот на претседателката на здружението Дервишова од министерството за здравство излезе и министерот Беким Сали кој беше поздравен од матичните доктори, тој им подели благодарници на докторите и вети дека ќе се разгледаат проблемите со здруженијата на докторите, фондот за здравство. Но конкретно не се наведе дали зголемувањето на каптицијата ќе се случи.













