ЈП Паркинзи Битола започна со акцијата за отстранување на непрописно паркираните возила, во соработка со СВР Битола и општина Битола.
Во соопштението од „Паркинзи“ се вели дека акцијата започна на 05.04.2022 на просторот околу Офицерски дом, каде што во текот на викендите има голем број на непрописно паркирани возила, а во наредните денови продолжуваат со улиците каде што се детектирани голем број паркирани возила на коловозни ленти, тротоари и зелени површини.
Од „Паркинзи “побара возила да се паркират на местата каде тоа е дозволено, а со тоа би се одвивал побезбеден сообраќај и би имало побезбедно движење на сите пешаци.
„Сакаме да ве информираме, дека нема никаква промена во цените на пајак службата, а Правилникот за отстранување и преместување на непрописно паркирани возила кои го попречуваат безбедното движење во сообраќајот се дополнува со ставката за подигнување на хаварисани возила и приколки и нивно чување“ стои во соопштението.
Во прилог го доставуваат и ценовникот за хаварисани возила.













