ТЕРА

REKLAMA???

НАЈСОВРЕМЕНИ АПАРАТИ ЗА БОЛЕСТИТЕ ВО АБДОМЕНОТ ВО „ЖАН МИТРЕВ ДИЈАГНОСТИК“

Во најсовремениот дијагностички центар во регионот „Жан Митрев Дијагностик“ Битола располагаат со најнова технологија која што се користи во голем број на области .Со др.Пеце Стефановски кој што е специјалист по интерна медицина, односно суб.специјалист по гастроентерологија се сретнавме во Ендоскопскиот кабинет за да ни ги претстави двата најнови апарати кој што се користат за дијаностички цели во гастроентерологијата, односно за дијагностицирање на болестите на абдоменот.

„Од мојата десна стрна е хотомогравски апарат од фирмата „Филипс“, најново производство, еден од најсовремените апарати со висока резолуција којшто што го користиме во дијагностиката за болести на мевот или стручно абдоменот. Тука влегуваат црниот џигер, сплината, бубрезите, панкреасот, жолчната кеса и крвните садови во мевот. Овај апарат е од голема помош во работата на докторите бидејќи открива многу работи, којшто кога не постоеја овие апарати не можеа да се видат, пример болести на црниот џигер од секакво потекло, болестите на жолчното кесе меѓу кои најчести се камењата, коишто многу тешко се откриваа, сега не претставува никаков проблем да се видат и најситните камчиња во жолчната кеса, со сите нивни компликации, дали ќе се затнат каналите, дали ќе се јави воспаление на панкреасот или на жолчните канали, на бубрезите може да се видат секаави промени, може да се видат промени на крвните садови, аневризмзи итн. Сега на многу елегантен и лесен начин можат да се видат. Затоа е многу популарен овај апарат бидејќи многу лесно се доаѓа до дијагноза и со тоа можат да се преземат благовремено соодветни мерки за лечење на болните,дали конзервативно или оперативно не е важно, важно ефектите се големи“, рече др.Пеце Стефановски,специјалист по интерна медицина.

Покрај овај апарат, во ендоскопскиот кабинет го имаат и апаратот, односно како што рече др.Стефановски столбот за ендоскопските процедури.

„Самите ендоскопски апарати не се наместени, меѓутоа на овај столб се поставуваат ендоскопски апарати  со камери коишто се пласираат во желудникот или во дебелото црево. Снимањето на желудникот се нарекува гастроскопија, а на дебелото црево се нарекува колоноскопија. На врвот на апаратите има камери со помош нивна добиваме слика на екранот која што е зголемена не е реална и можеме да видиме секакави болести внатре кој што порано со ренгенските апарати не беше можно да се видат. Така што овај апарат е најасовремен, меѓу најдобрите во светот, овај апарат многу ни ја олеснува работата во дијагностицирањето, а и во лечењето какао на пример ако има крварење во гастроинтестиналниот тракт можеме да ги запреме крварењата, ако има израстоци наречени полипи можеме да ги извадиме, ако има воспалаителни процеси или туморски процеси ни дозволува овај апарат да земиме биопсија и да утврдиме за какава патологија се работи“, рече др.Стефановски.  

Среќен е вели др.Стефановски што работи во „Жан Митрев Дијагностик“ Битола, бидејќи како што рече може на пациентите да им понуди големи можности во откривањето на нивните здравствени проблеми.