Промоција на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и повик граѓанските организации, новинарите и граѓаните поактивно да го користат правото да бараат информации од институциите, беше речено на денешната промоција во Битола.
Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Асоцијација за демократски иницијативи АДИ го промовираа правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Агенцијата е единствен државен орган кој во доменот на својата надлежност работи во сферата на заштита на правото на слободниот пристап до информациите од јавен карактер.
Од Асоцијација за демократски иницијативи АДИ рекоа дека важно е граѓаните да имаат пристап до информациите и услугите што ги даваат институциите, да знаат како се трошат нивните пари, да следат дали тоа трошење е рационално, да можат да учествуваат во донесувањето одлуки и создавањето политики.
Барателот на информацијата може да го поднесе барањето усно, писмено или електронски и приотоа да се произнесе за начинот на понатамошната комуникација со имателот на информацијата.Имателот на информацијата е должен во рок од 20 дена да одговори на поднесеното барање.
Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, претставува ефикасен механизам на контрола на јавниот сервис од страна на граѓаните, темел за доброто владеење, зголемување на транспарентноста на институциите и обезбедување значајно учество на граѓаните во јавниот живот.












