ТЕРА

REKLAMA???

ОД ПОПЛАДНЕВО СНЕГ ВО ПОТПЕЛИСТЕРИЕТО

По вчерашното сончево и топло време во Битола со околу 24 степени, денеска дожд, ветер и снег на пониските места на Баба Планина.

Од пред половина час, снежни врнежи во потпелистерието. 2-3 сантиметри снег во Mагарево од каде што е оваа фотографија.

Метеоролозите за денеска прогнозираа дека на планините над 1200 мнв во западните и северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Утре ќе имаме сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.