Делегација чешки компании предводена од раководителот на економско – конзуларниот оддел на Амбасадата на Република Чешка во Скопје, Давид Чернохорски го посети РЕК Битола.

На средбата со директорот на комбинатот, Пеце Матевски и директорите на производствените единици Термоелектрана и Рудници, се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу АД ЕСМ и чешки компании.

Со оглед на фактот што слични производствени капацитети како РЕК Битола постојат во Република Чешка, постојат големи можности за користење на компатибилни делови на различна машинска и електро опрема, како и размена на искуства, соопштија од ЕСМ.














