ТЕРА

REKLAMA???

УВИД ВО ДИНАМИКАТА НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката со која се реализира проектот за изградба на коловоз на улицата „Крушевска Република”, која е од особно значење за сите учесници во сообраќајот, затоа што со нејзиното завршување, ќе се изврши значително растоварување на сообраќајот на улицата „Партизанска”.

Градоначалникот Коњановски, изврши увид и на работните активности на стадионот „Петар Милошевски”, кои во моментот се во завршна фаза.