Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна на свеченото отворање на клубот на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во центарот на Битола.






Во придружба на Петков е и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

Како што веќе информиравме неколку протести се одржаа на Широк Сокак против политиките на Бугарија кон македонското прашање во актуелните преговори, но и против односот на тамошните власти кон македонското малцинство.

Освен на Широк Сокак транспаренти имаше и во Кравари, со пораки по повод денешната посета на Петков.




















