Ракометната репрезентација на Македонија на реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година вечерва во во Скопје, ја совлада Чешка со 27:25.
Со оваа победа над Чешка, Македонија успеа да се пласира на следното Светско првенство што ќе биде осмо учество на мундијалите.
Најдобар стрелец во македонската репрезентација беше Филип Кузмановски со осум гола, Филип Талески постигна 6, клучен беше и Никола Митревски со 14 одбрани, а кај гостите Томаш Пирох и Јакуб Хрстка имаа по 5 гола.
Капитенот Кире Лазаров кој го одигра последниот меч во националниот тим заврши, со два погодоци.
Филип Миркуловски вечерва го одигра својот последен меч во репрезентативниот дрес.
Светското првенство во 2023 ќе се игра во Полска и Шведска.


Фото: Ракометна федеарација на Македонија


















