Штрајкот во училиштата и градинките низ државава што го организира Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) продолжува.
Советот на СОНК вчера соопшти дека за членството не е прифатлив предлогот на Владата за 10 проценти покачување на платите со кој би се прекинал штрајкот, кој започна на 11 април.
Исто така реакоа дека се незадоволни од фактот што на преговорите владата воопшто не го зела предвид и барањето на СОНК за нов колективен договор и усогласување на платите според тој договор.
Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат, рекоа од владата.












