Утрово 5 степени во Крушево, 6 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, Берово, Штип, 7 Куманово, Прилеп, Виница, Демир Капија, 8 Битола, Претор, Охрид, 9 Дојран.
Во текот на ноќта и утринава имавме значително облачно време со слаб локален дожд и со слаб до умерен јужен ветер.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час).
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен. Во Битола до 19 степени.












