ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ГО ДЕКЛАСИРА ТФТ И СУВЕРЕНО ГРАБИ КОН ПЛЕЈ-ОФОТ

КК Пелистер – ТФТ Скопје 83-64

На лидерот на табелата му требаше една силна, во овој случај, трета четвртина да потврди дека во овој момент има поквалитетна екипа од скопската, а го презентираше тоа и без помош на некои важни играчи. По победата над освојуваќот на Купот на Македонија, „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром.

ТФТ го изненади МЗТ Скопје Аеродром, но обидот да победи во Битола, на „црно-белите“ не им успеа.

Најефикасни кај домаќините беа Кесар со 26 и Стајиќ со 13 поени. Во следното трето коло, в среда попладне, Пелистер го пречекува Гостивар.