Денеска беше свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија. Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих.

Меѓу нив беше и нашата претставничка Андреа Коевска, која ја претставува Македонија на Евросонг 2022.

Таа заедно со делегацијата, сите со македонски знамиња в рака, се движеа по тиркизниот тепих, поздравувани од публиката, снимани и фотографирани од бројните фоторепортери, сниматели, новинари.

Откако застана да биде фотографирана, како и сите други, во еден момент таа го фрла државното знаме на земја, позира, а потоа заминува.



Ова може да се види на официјалниот линк од преносот на Евроронг на 55:45 минута од видеото.


















