ТЕРА

REKLAMA???

МРТ ЗА СКАНДАЛОТ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД АНДРЕА, САНКЦИИ, А МОЖНО Е И НЕЈЗИНО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ЕВРОСОНГ

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме, стои во соопштението на јавниот сервис.

„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис  ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.

Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал“ се вели во реакцијата на МРТ.