ТЕРА

REKLAMA???

КОЕВСКА СЕ ИЗВИНИ И ОБЈАСНУВА ШТО СЕ СЛУЧИЛО

По жестоките реакции од јавноста и од МРТ, евровизиската претставничка Андеа Коевска во видео обраќање се извини што среде фотографирање во Торино, го фрли на земја македонското знаме.

„Во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза, затоа што јас сум горда да доаѓам оттаму и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова“,вели Коевска.

Во пресрет на евровизиското шоу, Коевска вели дека се обидува да ја претстави Македонија во најдобро светло.

„Не ми беше намера да навредам некој, ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека навистина можеме да поминеме со ова“,рече таа.