ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ЗА 4 ГОДИНИ СДСМ НЕ СРАБОТИ НИТУ 24 ЧАСА ЗА БИТОЛА

Битола и Битолчани заслужуваат посветеност 24/7 бидејќи во изминатите 4 години СДС не сработи ниту 24 часа за Битола, вака реагираше Бојан Бојкоски координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес конференција на Коревски од СДСМ.

„Почитувани од СДС, Општина Битолa е во фаза на реализација е проектот „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“, во рамки на кој веќе работиме на 13 улици, односно во Битола се реконструираат улиците „Вера Циривири – Трена“, „Македонска фаланга“, „Крушевска република“, „Цане Василев“, „Довлеџик“, „Струшка“ „Сутјеска“, „Бранислав Нушиќ“, „Христо Узунов“, завршена е втората фаза од улицата „Солунска“, минатиот викенд завршена е улицата АСНОМ, а во руралните места се врши реконструкција на патот за село Дихово, како и на коловозот на главниот уличен крак во село Логоварди. Тоа во должина, вклучувајќи ги улиците кои се асфалтирани првиот месец по доаѓање на ВМРО ДПМНЕ изнесува околу 8 км, за период од 6 месеци.

Исто така, општина Битола работи на поставување ново и дополнување на постоечкото улично осветлување во населбата „Буковски ливади“ на улиците „4 та“ и „Буковски мост“.

Уредени се две нови детски игралишта на улиците „Север-југ“ и „Смилевски конгрес“, а веќе започнати се со уредување на два нови големи паркови „Нов градски парк во Нова Битола“ и на барање на студентите „Студентски парк“.

Од капиталните проекти, пред отпочнување е постапка за јавна набавка за изработка на проект за изградба на нова противпожарна зграда, а како резултат на зајакнување на меѓународната соработка, идниот месец преку донација од Република Франција возниот парк во противпожарната единица се зголемува за 3 возила.

Со завршување на процесот на легализација на објектите и изработката на новиот генерален урбанистички план, во значајна мера ќе се подобри процесот на планирање и уредување на просторот, што претставува наша долгорочна инвестиција за поубава Битола.

Во делот на економскиот развој, каде евидентно во изминатиот четиригодишен период имавме нефункционално и оптоварено со долгови јавно претпријатие, сега веќе се менуваат работите на подобро. Јавното претпријатие „Жабени“, почнува да функционира, а Општина Битола објави јавен оглас за отуѓување на градежно земјиште за 16 парцели во Индустриската зона „Жабени“. Ова треба да резултира со нови инвестиции во зоната и отворање на нови работни места за битолчани.

Општина Битола, обезбедувајќи поддршка за наталожените проблеми во професионалните спортските клубови и во иднина ќе продолжи да го стимулира нивниот напредок, се до крајната цел: битолчани да бидат горди на спортските успеси.

Спортистите треба да ја имаат нашата поддршка како локална самоуправа и како граѓани и кога постигнуваат високи резултати и кога се соочуваат со пораз, зошто само така ќе имаат мотив повеќе, да бидат се подобри.

Тоа што ви пречи веројатно е одличната комуникацијата и соработка на локалната самоуправа со директорите и советниците.

Поддршката на секое ниво во ВМРО ДПМНЕ кое ќе ве порази на следни избори кога и да се.

Ви смета тоа што има соработка на секое ниво бидејќи во времето на владеењето на СДС вие од поранешната градоначалничка бевте екскомуницирани!

Само за информација на граѓаните на општина Битола поради неспособноста за справување со енергетската криза на владата предводена од СДС општина Битола за 8 месеци има платено електрична енергија во висина од 1 милион евра!

Битола ја живее новата реалноста, но за жал колегите од СДС немаат допир со реалноста“ вели Бојкоски.