ТЕРА

REKLAMA???

НАПРЕДОК НЕМА, РАЗГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ

Заврши средбата во Рим меѓу премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, кои разговараа за напредокот во разговорите меѓу двете министерства за надвореши работи посветени на деблокада на македонскиот европски пат кон ЕУ.

Ковачевски изјави дека средбата со Петков била исклучително конструктивна и дека разговарале на повеќе теми, но рече дека во моментов не може да каже дали е постигнат напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ со Бугарија.

Македонскиот премиер додаде дека ќе продолжат разговорите меѓу експертските тимови на министерствата за надворешни работи на двете земји.

​„Штом ќе има одреден напредок тогаш ќе биде соопштен на ниво на министри“, рече Ковачевски додавајќи дека доколку има документ кој што ќе биде заемно прифатлив, тој ќе биде презентиран јавно.

Од владата преку соопштението информираат дека на оваа средба на која присуствуваа и министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Теодора Генчовска, премиерите Ковачевски и Петков имаа конструктивен разговор не само за отворените политички прашања туку и за економската криза со која се соочува целиот свет. Истакнато беше дека Владата на Северна Македонија има јасна цел која се однесува на справување со кризата, заштита на стандардот на најранливите категории на граѓани, поддршка на компаниите за да бидат ликвидни и обезбедување на соодветни инвестиции кои ќе го покренат економскиот раст.

На средбата, премиерите Ковачевски и Петков, од ресорните министри беа информирани за разговорите на министерско ниво, за што се согласија дека е потребно истите да продолжат со цел да се дојде до документ кој би бил прифатлив за двете држави и би можел да претставува основа за решение коешто би можело да биде споделено со институциите во двете држави. Средбата се искористи и за разговор врзан за потребата од продолжување на дијалогот за деблокирање на процесот за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Премиерот Ковачевски во разговорот со премиерот Петков истакна дека за двете земји од најголема придобивка е процесот на пристапување да се откочи со решенија засновани на европски вредности поддржани и прифатени од двете страни со почитување на достоинството на граѓаните.