Општина Битола го објави Јавниот повик за учество во програмата на Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ 2022“. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола.
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 8 000 000 денари. Општина Битола го задржува правото да ја смени оваа сума (намали или зголеми) во зависност од интересот и квалитетот на доставени апликации на овој повик.
Повикот трае од 25.05.2022 до 06.06.2022 до 15.30 часот.
Краен рок за поднесување на апликацијата со прилозите во 1 примерок е понеделник 6 јуни 2022 год. до 15.30 часот.
Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола.













