ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТА АНА

 Денес се празнува успение на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

Нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старос.

По тој повод христијаните од цела Македонија го посетуваат манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта, Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.

Манастирскиот комплекс се наоѓа на 1400 метри надморска височина, на околу 2км оддалеченост од селото Маловишта, во густа букова шума.