ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ СОНЧЕВО СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ, ПОПЛАДНЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ

Информацијата од УХМР е дека во средината на денот имаше мала до умерена облачност. Попладне во западните делови облачноста се намали, а од истокот се прошири нов бран на облачност од кој понекаде имаше услови за краткотраен пороен дожд. Доцна попладнево од централните делови на земјата се преместува кон запад бран на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ветерот ќе биде и понатаму североисточен но ќе слабее и слаб ветер ќе дува и преку ноќта.

За утре најавата од УХМР е дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8