ТЕРА

REKLAMA???

ЦУК: ТРИ ПОЖАРИ ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ ВО БИТОЛА

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во текот на вчерашниот ден во Битола – нас. Баир горело ѓубре и гуми и е интервенирано со 1пп возило и 2 пожарникари 14:00 до 16:10.

Во Битола на магистрален пат горела сува трева и ниска вегетација – ликвидиран.

Прилеп-Битола-Ресен горело запалено ѓубре и е интервенирано со 1 пп возила и 3 пожарникари 20:40 до 21:35.

За состојбата со пожарите во земјава во изминатите 24 часа од ЦУК велат дека се изгаснати 26 пожари. Во изминатото деноноќие (9-10 август 2022) изгаснати се пожарите кај Студеничани, Ѓорче Петров, Куманово, Битола,.Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Дебар, Тетово, Шуто Оризари…

Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула – гори борова и дабова шума и ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.