ТЕРА

REKLAMA???

ДВЕ ВЕЧЕРИ ЗА ЈУБИЛЕЈНОТО 10-ТО ИЗДАНИЕ НА „ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО“

По пауза од две години поради пандемијата, организаторите вечерва соопштија дека со особена чест и задоволство го најавуваат 10-то јубилејно издание на „ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО – Бела ноќ Битола“ кое годинава ќе биде во две вечери на 26 и 27 август (петок и сабота).

Велат дека ќе има комерцијална програма за сечиј вкус. Првата вечер, на 26 август (петок) ќе настапи Битолскиот камерен оркестар, заедно со Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Нико Ѓоергиевски, Ирена Димовска, Виктор Апостоловски, Дј Љубиша, а ќе има и едно изненадување на вечерта.

Втората вечер на 27 август во сабота свој настап ќе има мега популарниот Кирил Џајковски Претходно атмосферата ќе ја загреваат Дј Љубиша и Дј Ацика.

Двете вечери на „Широк сокак во бело“ ќе бидат на плоштадот „Гоце Делчев“.

„Широк сокак во бело“ е дел од битолското културно лето Бит Фест.