ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: БЕСРАМНО Е ДА БРАНИШ УЗУРПАЦИЈА НА ОПШТИНСКО ЗЕМЈИШТЕ

Бесрамно и криминално однесување е да браниш узурпација на општинско земјиште во центарот на Битола од 1500 м2, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ.

„Да бевме нормална држава одамна некој ќе требаше да одговара по КЗ.

Локацијата кај зградите ЈАТ е класична узурпација на недвижности од чл. 225 ст. 2 од КЗ со што му се заканува казна затвор од 1 до 5 години затвор, дополнително со самото тоа што на земјиштето правеле градежни зафати без дозвола за градба извршиле и кривично дело Бесправно градење од чл. 224 – а ст. 1 со што му се заканува казна затвор од 3 до 8 години затвор.

СДС на граѓаните им е добро позната по нивното деструктивно работење на се што значи спроведување на закони и одлуки кои потоа преминуваат во лоша пракса.

Затоа потребно еднаш засекогаш во Република Македонија законите да почнат да се применуваат. За успешно спроведување на законите и одлуките потребни се брзи и решителни акции и лица кои имаат храброст. Секое непочитување на донесените одлуки од носителите на јавни функции сноси и одредена политичка одговорност“ стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.