ТЕРА

REKLAMA???

ИЗМЕНА ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2022

Утре пред битолските советници ќе се најде програмата за измена на Програмата за економски развој во Општина Битола за 2022 година. На Комисијата за еконосмки развој од страна на претставник од општина Битола беше објаснето за кава измена во програмата станува збор.

„Ние практично ослободуваме од  нашата програма за економски развој за изработка на проектна документација 7 .376.364 денари. Практично со ребаланот на буџетот што ќе биди, од нашата програма ја ослободуваме оваа вредност, при тоа на крајот на табелата имаме некаде околу 14 мислам ново предвидени објекти каде што во меѓувреме се јави потреба изработка на техничка документација, тие се нови и за нив веќе по изгласувањето на оваа програма ќе почнеме постапка за подготовка на документација. Имаме голем број на склучени договори, веќе голем број на изработени проекти и проекти кои се во постапка на избор“, рече Венцо Шишкин од Општина Битола.  

Опозицијата праша за 4 проекти.

„Дали во програмата има некој нов дел во делот на градинката во АРМ, второто прашање е за ул.Крушевска Република, на претходната седница донесовме заклучок и одобрение за дозавршување за изработка на проект, тогаш ни споменаа дека за 20 дена ќе биде готов, направен и дека ние ќе го завршиме и дека само ЕВН ќе треба да го дислоцира, до каде е таа постапка, третото прашање за позади ЈАТ, дали сега има некакво решение некаков план, што ќе се прави таму, дали има средства за атмосферска и фекална канализација бидејќи најавата беше дека ќе се прави партерно уредување и четвртото прашање до каде е постапката со Пожарната?“, праша советникот од СДСМ Борче Корлевски.   

Претставникот од општината со одговор:

„За градинката нема врска со проектирањето, јас сум сега од економски развој, без разлика што претходно бев координатор на изградбата, во економски развој нема предвидено измена на проектна документација.За ЕВН за 35 киловолтниот кабел за ул.Крушевска Република е аплицирано до министерството за транспорт и врски, релативно брзо одговорија на проектната документација која е доставена и има одредени забелешки кои во моментов ги отклонуваме, мое мислење е дека доколку брзо одговорат за едно 15 до 20 дена ние ќе имаме одобрение за спуштањето на каблете под земја. За ЈАТ ќе се изработи проектна документација според ДУП, влез и излез итн, сообраќаен проект кој ќе биде според ДУП. За Пожарната во тек е евалуација на тендерска постапка“, рече Шишкин.  

Битолските советници утре ќе расправаат и за Програмата за измени и дополнување на Програмата за развојни планови на Општина.