Форумот на жени на битолската СДСМ со поддрѓка на локалниот клуб на социјалдемократската младина на Битола, вчера организираше хуманитарен базар насловен “Од жените за жените”.
Поводот е „Розов Октомври“ месец на борба против карциномот на дојка.
На повеќе штандови низ Широк Сокак и Старата Битолска Чаршија, се купуваа производи, пред се зимница подготвена од членки на Форум на жени на СДСМ, а со тоа граѓаните донираат средства за жените кои се борат со оваа болест.





















