ТЕРА

REKLAMA???

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОГРАМАТА ОД ОБЛАСТА НА СПОРТОТ И МЛАДИТЕ ЗА 2023

Општина Битола го објави јавниот повик за доставување на предлог програми и проекти за Програма за активностите од областа на спортот и младите во Општината Битола за 2023 година.

Општината ќе ги поддржи манифестациите, програмите и проектите кои се во насока на развој, популаризација на спортот и учество на младите во достојно репрезентатирање на можностите и потенцијалите на општината. Предлог активностите кои се предвидени во програмата се поделени во 5 основни ставки чиј содржински концепт ќе биде во следниве области:

• Поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови/здруженија и индивидуални спортисти кои егзистираат на подрачјето на Општина Битола

• Поддршка и развој на училишен спорт со реализирање на спортски активности и систем на натпревари на учениците

• Поддршка на рекреативни активности на граѓаните и рекреативни активности на лица со посебни потреби

• Поддршка на традиционални манифестации, хуманитарни манифестации и манифестации од особен интерес на општина Битола

• Поддршка на дополнителни програми и проекти на останати спортски организации и спортски друштва кои се од интерес на Општина Битола

Повеќе детали за јавниот повик може да најдете на интернет страницата на Општина Битола.