Утрово најстудено со -2 степени беше во Берово, 1 Битола, Струмица, 2 Тетово, Демир Капија, 3 Скопје-Петровец, Штип, Лазарополе, 4 Прилеп, Крива Паланка, Маврови Анови, 5 Дебар, Претор, 6 Гевгелија, Охрид, 7 Крушево, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево, наместа со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Денеска сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 25 степени. Во Битола до 22 степана.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време. И во наредните денови дневните температири во Македонија од 21 до 26 степени.












