Повеќе од 70 – тина битолчани вчера зедоа учество во акцијата за обнова на “Копанки”.

Присутни беа планинари, скиори, други спортисти, љубители на природата, членови од други здруженија на граѓани, Членови на Советот на Општина Битола, битолчани од сите возрасти, од седум до седумдесет и седум години.

Низ работата, повозрасните говореа за едно минато време на “Копанки”. Најинтересно беше сеќавањето на Кире Марков за далечната 1964 година, кога на многу мала возраст со помош на дрвена тезга вршеле дотур на камен од камењарот за доградба на домарските простории.

Од ПСК „Пелистер “искажаа благодарност до сите кои беа дел од обновата на “Копанки”, но пред сè благодарност за убавата дружба, смеа и убавата работна атмосфера.















