Енергетската криза во Европа ја наметна потребата од забрзување на процесите за енергетска транзиција. Како да се обезбеди поголема независност и искористување на обновливите извори на енергија.

„Се наоѓаме во мошне силен турбулентен период кога енергетската криза има огромно влијание врз севкупното живеење во светот и кај нас. Со цел остварување на целите на Европскиот Зелен Договор на Европската Унија, Европската комисија во 2021 година предложи пакет мерки за справување со транзицијата кон поодржливи енергетски системи со помош на пакетот „Fit for 55“. Исто така со цел остварување на целите на Европскиот Зелен Договор Европската Унија покрај другите механизми креира и „Механизам за праведна транзиција“ се со цел енергетската транзиција да бид фер и инклузивна“ вели Горан Неделков од Општина Битола.
Сега и ситуацијата во Украина ја комплицира ситуацијата и се погласни стануваат плановите на Европа за енергетска транзиција.

Неделков вели дека ЕУ го креира пакетот REPowerEU. Планот REPowerEU се заснова на три главни елементи:
Заштеда на повеќе енергија (а со тоа и намалување на енергетската зависност) преку промоција на енергетската ефикасност;
Замена на фосилните горива преку забрзување на транзицијата на чиста енергија во Европа (комбинирање на инвестиции и реформи);
Диверзификација на снабдувањето со енергија (барање нови пазари за увоз), со цел да се намали зависноста од енергија.
Во рамките на овај проект делегација на Општина Битола ја посети Европска Недела на одржлива Енергија 2022 година, како и неколку Генерални Директорати на Европската Комисија во Брисел при што имаа можност да добијат квалитетни информации и да воспостават контакти и соработка со цел подобро искористување на достапните фондови поврзани со енергетиката и развојот.

Општина Битола го спроведува проектот “Подобрување на енергетската ефикасност на зградите: Демонстрација за јавни згради” наречен “БЕНЕФИТ”, а имплементира преку првиот повик од ИПА прекуграничната програма со Република Грција 2014- 2020.
Во Охрид на работилница беше презентиран и промовиран концептот и целите на проектот Бенефит.

„Главна цел на проектот е да ги поддржиме власти како на локално, така и на централно ниво за изработување на повеќе планови кои што опфаќаат енергетска ефикасност, како и зголемување на капацитетите во администрацијата. Во рамките на овој проект имавме повеќе активности, како развојот на енергетската платформа, потоа главниот пилот проект беше за реновирање на Спортската сала во Битола, а беше организирана и енергетска недела“ рече Гордана Цветковска-Бошевска, од Општина Битола.
На работилницата се направи и осврт на актуелностите во областа на енергетската ефикасност и енергетика на европско и регионално ниво, како и значењето на проектот кој се реализира во Општина Битола.












