ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 12 СТЕПЕНИ

Утрово најстудено беше во Битола со измерен 1 степен, како и во Берово, Крива Паланка, Лазарополе, 2 Тетово, Маврови Анови, 3 Крушево, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 5 Струмица, Претор, 6 Штип, Охрид, Виница, 7 Демир Капија, 9 Гевгелија.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, а изутринава е умерено до значително облачно. На места дува слаб ветер од јужен правец.

Денеска променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени. Во Битола до 12 степени.