ТЕРА

REKLAMA???

СО ЧЕРНИХ ЗА ДЕНЕШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС КОЈ БЕШЕ ПОЧУВСТВУВАН ВО БИТОЛА

Денешниот земјотрес кој беше почувствуван и во Битола потекнува од истото епицентрално подрачје како оној во јануари оваа година, вели во изјава за Тера, Драгана Черних од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Таа вели дека се работи за тектонска активност од истото жариште, а днешниот потрес бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала.

„Овој земјотрес е во рамките на нормалната сеизмолошка активност. Досега според податоците кои ги имаме во сеизмолошката опсерваторија, а тоа се податоци од повеќе од стотина години, за ова подрачје и историските податоци за ова подрачје не е регистриран посилен земјотрес од оној земјотрес од 1994 година и 1920 година, тоа е земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, денешниот е многу послаб од тој и од максимумот што може да се очекува во ова епицентрално подрајче“ вели Черних.

По утринскиот земјотрес, регистрирани се уште два со послаб интернзитет. Едниот еден час подоцна со магнитуда од 2,4 степени, а другиот попладнево со магнитуда од 2,6 степени.