ТЕРА

REKLAMA???

ПРВОТО НОВОРОДЕНО БЕБЕ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА Е ЖЕНСКО

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети гинеколошко – акушерското одделение во Клиничката болница во Битола, каде во првото јануарско утро од оваа година, се роди првото женско новороденче Христина. Мајката Сара Поп Атанасова го донесе на свет во 1:42 часот после полноќ.

Дежурните доктори прим. д-р Елизабета Чипуровска и д-р Христо Ѓорѓиевски, раководителката на одделението Маја Аврамовска и директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски, го информираа градоначалникот дека, пред полноќ беа родени уште две здрави деца, машко и женско, од мајките Виолета Начковска Митровска и Риние Мемедовска.