Во својата 69 година од животот почина Д-р. Вангел Тодоров, специјалист педијатар.
Медицинскиот факултет го заврши на Универзитетот во Белград, каде на Институтот за мајка и дете специјализира во областа на педијатријата.
Повеќе од 40 години работеше како лекар и педијатар, а пред 17 години ја основа ПЗУ „Д-р Вангел“.
Добитник е на бројни награди, меѓу кои, посебно треба да се истакне наградата 4-Ноември на општина Битола добиена во областа на здравството.
Ќе остане запаметен по исклучителната стручност, ведриот дух и посебната посветеност на здравјето на децата се до последните моменти од неговиот живот.
Големото срце, добрина и хуманост, најдобро беа препознавани од децата кои со радост и без страв доаѓаа во амбулантата на Д-р Вангел или чичко Вангел, како го нарекуваа неговите мали пациенти.
Остави неизбришлива трага во здравството, а посебно во педијатријата на градот и пошироко.
Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата на храмот Св. Димитрија на 5 Јануари 2023 година, од 10.00 до 13.00, каде во 13.00 ќе биде одржано и опелото.
Погребот ќе биде на гробиштата Света Недела во Битола.












