ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО СО СНЕГ, ПОПЛАДНЕВО СО СОНЦЕ КАЈ НИЖЕПОЛЕ

Слаби врнежи од снег кај Нижеполе.

„Снежно бело утро не пречека, се надеваме дека ова е добар знак за почеток на новата сезона“ велат од Ски-центарот „Нижеполе“.

Подоцна и сонце на ски терените, можност за престој на чист воздух во потпелистерието.

Од управата за хидрометеоролошки работи велат дека под влијание на влажен бран времето во текот на следната седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни.

Утре претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период од годината и врнежи претежно од дожд.