И годинава во Општина Могила ќе се одржи Фестивалот на Дуети Константин и Елена. Годинава по десетти пат, односно јубилејно издание. Четврток на 3 август, ќе се пее во општината, на сцената во ОУ „Гоце Делчев“ со почеток во 20:30 часот.

На фестивалот кој е единствен од овој вид во Република Македонија, ќе настапат 12 дуети составени од познати македонски изведувачи на новокомпонирани народни песни, кои ќе изведуваат песни со традиционален мелос испеани на македонски јазик.

Предтходно свое обраќање ќе има градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски.
Отворањето на фестивалската сцена е со кларинетистот Дејан Лулески, а потоа следуваат настапите на пејачите дуети.
Фестивалот на дуети Константин и Елена како секогаш, така и на ова фестивалско издание ја негува и поддржува македонската народна песна и го негува македонскиот фолклор.
За забавата ќе се погрижи македонската Фолк дива Сузана Гавазова.

Генерален спонзор и поддржувач e Општина Могила преку градоначалникот и Советот на општината. Општина Могила,преку фестивалот на дуети Константин и Елена, ја продолжува традицијата и дава голем придонес во зачувување на македонскиот фолклор, традиционалните вредности, македонскиот јазик, култура и традиција како носечки темели на македонскиот идентитет.












