Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави видео како заедно со претставници на општинската администрација, врши увид на текот на градежните работи за реализација на проектот „Изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улиците Цане Василев и Кочани“.

„Со завршувањето на работните активности, просторот кој многу години беше запуштен, ќе добие нов лик и нови 34 паркинг места за автомобили.
Во рамките на денешните работни активности, ја посетив и улицата 16 та, која после повеќе од 30 години ќе добие асфалт. Во тек на реализација е првата фаза од проектот за изградба на коловоз во должина од 460 метри, поставувањето на ивичниците, металните капаци на новата фекална канализација и тампонирањето.

При денешниот увид на терен, службите ме информираа, дека асфалтирањето е планирано за идната недела, со што првата фаза од проектот ќе биде комплетирана“ вели Коњановски.












