ТЕРА

REKLAMA???

НОВА МОДНА ПРИКАЗНА ВО БИТОЛА-БРЕНДОТ „МАЈА“

Битолчанки отсекогаш важат за едни од најубавите, но и најубаво дотерани жени и девојки, не само во Македонија туку и пошироко, а Широк сокак како модна писта на отворено. Како дополнување на нивната визија за одличен изглед во нашиот град беше промовиран модниот бренд „Маја“.

Маја е млада амбициозна битолчанка, креатор, на нови модни трендови,кои се уникатни и единствени.Дизајнерка која со својата визија во која се вложени огромен труд и работа, конечно ја достигна реализацијата на сонот, за која мечтаела уште од мали нозе.Токму длабоката верба, желбата за успех и посветеноста кон модниот дизајн го олеснија патот до развојот на брендот „Маја“.

На промоцијата во Битола присутните имаа можност да погледнат дел од нејзините креации. Нејзината снаодливост и умешност со модните детали, создава неверојатни креации, на кои би им позавиделе повеќето дизајнери. Маја имала голем интерес за уметност и дизајн уште од детството, кога го зема моливот во рака и хартијата и почнува да создава. 

За неа модата не е само убаво облекување, туку и знаење, промени и свесност за себеси и светот. Таа со многу љубов, труд и пред се со многу вложено време во едуцирање и надоградување, создава извонредни креации на кој никој не може да остане рамнодушен. Ј

Сака да креира секаков вид на облека, но пасија и се свечените тоалети. Таа дизајнира облека која е едноставна и естетски привлечна. При нејзиното творење секогаш зема во предвид за кој е наменета таа облека и за која пригода. Прави комбинации на материјали и користи широк избор на бои, модели и стилови, се со цел задоволување на желбите на потрошувачите. 

Среќна е кога креира за други,кога може да им понуди мало задоволство, а потоа да биде дел од нивната радост. На своите клиенти секогаш им препорачува да бидат свои, да не ги копираат другите и секогаш да бидат тоа што се. 

На промоцијата на брендот приустните имаа можност да го погледнат краткиот моден филм во режија на Дарио Јанковиќ.

Маја со својата енергичност и визија ја раскажува не само битолската, туку и македонската модна приказна. Колекцијата на свечени тоалети што ќе ви ја разбудат фантазијата. Светот е жеден за повеќе убавина, а најновиот бренд „Маја“ му ја нуди во најсовршеното издание. Со новата колекција гламурозни тоалети, Маја го збогатува женскиот плакар не само со модна перфекција, туку со идеалната доза на елеганција и екстравагантност, кои моментот го претвораат во магија, а жената во кралица.