Вренето денес сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој наместа во западните и североисточните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Битола со максимална дневна температура од 30 степени.
Од УХМР најавуваат дека утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.












