Советот на Општина Битола попладнево го усвои ребалансот на Буџетот. За овој ребаланс гласаа 27 советници, а во тој момент во салата не беа само советниците од Левица.
Ова усвојување доаѓа по усогласување на ставовите на политичките партии, односно изменетиот ребаланс со амандманите на сите политички партии.
Цело лето работата беше закочена, откако првиот ребаланс не беше прифатен од министерството за финансии.
Потоа следеше и вториот предлог ребаланс по што беа формирани работни групи.
Усвоениот ребаланс е во рамките на буџетската рамка.












