„Во моментот кога се носеше двотретинскиот Закон за јавно обвинителство, на почетокот на 2020 година, како еден од условите во преодните и завршни одреби беше обврската да се отвори прашањето за Кривичниот законик со цел зголемување на ефикасносста на судењата и додефинирање на некои кривични дела по модел на германското законодавство“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека во таа насока се измените на кривичниот законик, кои немаат цел амнестија или помилување, туку додефинирање на кривични дела, нормализирање на нивото на казни на европско ниво, како Словенија и Германиај и засилување на можностите за проширена конфискација.
„Сите го зборуваат бројчаникот, но ние се мачиме да извршиме конфискација. Ова е можност судството да покаже дека може да функционира“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека овие измени се само дел од подготовката на новиот Кривичен законик и дека нивна цел е поефикасно судство.












