Утрово 9 степени Берово, 10 Лазарополе, 12 Попова Шапка, Крива Паланка, 13 Битола, Маврови Анови, 14 Тетово, Струмица, Прилеп, 15 Скопје-Петровец, Претор, Охрид, Велес, Крушево, Штип, 16 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Виница, Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Дојран.
Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше променливо облачно време, со облачност која се преместуваше од запад кон исток.
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, претежно југозападен ветер. Вдолж Повардарието и во Пелагонија ветерот ќе засилува. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степени. во Битола до 28 степени.












