ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ: ДАЛИ НЕКОЈ ИМА ЛИЧЕН ИНТЕРЕС ОД ОБЈЕКТОТ „ПАРК“

Откако на седница на Советот не помина точката за велосипедските патеки, советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата одржаа прес конференција.
„Неколку месеци СДС, ПОИНАКУ, ДОМ и ДУИ не убедуваа дека не се против изградба на велосипедски патеки и бараа дополнителни информации. Кога ги добија сите информации конечно се одважија и јавно признаа дека се против изградба на велосипедски патеки финансирани од ЕУ со денешното гласање ПРОТИВ!
Со денешното гласање против се потврија нашите сомнежи дека СДС, ПОИНАКУ, ДОМ и ДУИ сакаат да само да кочат.
Иако денес јавно признаа дека проектот за изградба на велосипедски патеки е добар но тие сега предлагаат иститот да се прави со средства на општината а објектот парк да се прави од средства на ЕУ.
Притоа свесно ја манипулираат јавноста знаејќи дека тоа не може да се прави бидејќи е склучен Анекс на договор со ЕУ за изградба на велосипедски патеки.
Со ваквите непромислени потези свесно се доведува во опасност одобрениот проект од ЕУ а со тоа и понатамошното користење на овие средства на други повици.
Ние како советничка група се сомневаме во намерите на СДС и колешката советник од ДОМ, дали зад ваквото инсистирање за изградба на објектот ПАРК се крие некаков личен финансиски интерес или објектот е ветен на некој нивни близок член.
Иако за време на предизборниот период на сите јавни дебати сите повикуваа дека потребно е Битола да стане велоград денес на дело се виде дека сето тоа било само за собирање на политички поени.
Денес од страна на СДС, ПОИНАКУ, ДОМ и ДУИ У се случи класичен пуч кон сите љубители на велосипедизмот во Битола“ рече советникот Бојан Бојкоски.