ТЕРА

REKLAMA???

БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНУВААТ ЗА 2,5, А ДИЗЕЛОТ ЗА 3 ДЕНАРИ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,97%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за  утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 06.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,087 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 83,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,087 (денари/килограм)