Денеска ќе има вонредна седница на Советот на Општина Битола.
Според материјалите за седницата се свикува вонредна седница на која треба да се даде решение за давање согласност на одлуката за усвојување на правилникот за возни линии, возен ред, вредност на билетот за линиски превоз на патници и цена за чинење на превоз по километар за слободен превоз во меѓуопштинското јавно претпријатие Пелалинк-Битола.












