ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ГРАДИ КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ВЕТЕРИНАРНА СТАНИЦА

Во тек се грдежните активности за изградба на новиот кружен тек во Битола. Се наoѓа кај некогашната ветеринарна станица, односно на улица „Прилепска” со улица „Баталјон Стив Наумов”.

Предвидените средства за оваа намена се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Со завршувањето на проектот, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, што е особено значајно како мерка за растоварување на сообраќајот, во функција на зголемена безбедност и намалување на аерозагадувањето преку намалено задржување на возилата во овој дел на градот.

На овој кружен тек ќе биде  и споменикот на Александар Турунџев.

А стартот на реализиацијата на кружниот тек беше проследен со реакции заради остранувањето на дрвја од оваа локација.

Тогаш од општината рекоа дека заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец, годинава, засади 867 нови садници на неколку локации во Битола.