ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕКУ НАМАЛЕНИ ЦЕНИ ВО РОАМИНГ, РЕГИОНОТ ЌЕ СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО ЕУ

За една третина се намалува цената на услугата за интернет кога граѓаните од земјата ќе патуваат во европските земји, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Намалување на цените на интернет во роаминг е исполнување на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ- Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година, во Тирана.

Лани на Самиотот 38 телекомуникациски оператори во ЕУ и Западен Балкан потпишаа декларација за сообразност, за значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Балканот.

Операторите самите одлучуваат како ќе ги намалат трошоците, дали преку попусти, нови тарифи или специјални пакети. Намалувањето е добро за економијата, за бизнисите и за луѓето, и со тоа регионот се приближува до ЕУ.

Исто така, со намалувањето на цените се поттикнуваат и поедноставуваат деловните, културните, туристичките и другите размени помеѓу ЕУ и Западен Балкан, пишува Фокус.

Според МИОА, исполнувањето на оваа Декларација е и уште една поддршка од ЕУ, но и силна потврда за европска иднина на земјата, и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ.